Манчестер Сити ја игра една од најлошите сезони во последните години. Актуелниот шампион ја загуби битката за титула, но тоа не е единствениот голем проблем со кој се среќава тренерот Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стратег поминува низ фаза на развод со сопругата Кристин Сер со која е заедно повеќе од 30 години и со која има три деца. Поранешниот играч на Гвардиола од Барселона, легендата Тијери Анри му даде поддршка во оваа „битка“.
„Дали ми е жал за тоа што се случува со Манчестер Сити и Пеп? Да, жал ми е поради една работа. Не е лесно да се носите со тоа Пеп мора да се носи надвор од фудбалот. Поминав и јас низ тоа кога заминав во Барселона.
Не е лесно да се носите со таква работа, тогаш психички не сте добро. Гледате дека Пеп не е каков што е вообично. Можам да ви кажам дека не е лесно. Никој не сака да се бори со тоа и во исто време да мора да носи добри резултати. Го разбирам“, изјави Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

