Реал Мадрид загуби уште еден натпревар на домашен терен, овојпат во ЛШ од Милан, по што повторно фокусот беше ставен на катастрофалното издание на Килијан Мбапе.
Французинот е далеку под посакуваното ниво по мегатрансферот од ПСЖ, критики кон него пристигнуваат од сите страни, но по синоќешното фијаско неочекувано жесток во коментарите за играта на Мбапе беше неговиот сонародник Тиери Анри.
„Никој не бара од Мбапе да ја чува топката како Дидие Дрогба, јасно е дека тој има свои специфични квалитети, но мора да научи да игра како „класична деветка“. Никој не очекува тој да дрибла по тројца ривали и да дава такви голови на секој натпревар, но затоа од него, како и од сите други се очекува да трча и да помага и во одбраната. Мислам дека не може полошо, секако дека му треба време, но мора да почне да напредува бидејќи веќе е очигледно дека ја фрустрира екипата. Видете го Белингем, секогаш се обидува да ги пробие линиите, да го натера тимот да игра, да најде простор. Тоа е работа на напаѓачот, а Белингем го прави сето тоа, плус презема голем товар во одбраната. Знам дека Англичанецот е исфрустриран, и јас би бил во негова ситуација. Па згора на тоа и е заменет иако дава се од себе додека некој од соиграчите не трча на теренот“, изјави Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА