Се поизвесно е дека Барселона на лето ќе се раздели со Ансу Фати и Феран Торес. Двајцата напаѓачи треба да го напуштат клубот ова лето поради потребата на Барселона од нови пари за трансфери и ослободување на нивниот буџет за плати.
Фати постигна седум гола на 41 натпревар, а Феран шест гола на 37 натпревари. Иако во овој дел од сезоната клубот ја демантира оваа информација, Ансуи и Феран се фаворити за напуштање на клубот, особено ако се земе предвид дека спортската управа на Каталонците летово ќе вложи големи напори да го засили нападот на тимот.
Заминувањето на Фати ќе биде една од најтешките одлуки за Барселона, најмногу поради возраста на играчот и неговата желба да продолжи да работи со тимот. Сепак, барањата и јавните изјави на неговиот татко беа толку непријатни за клубот што агентот на Ансу, Жорже Мендеш доби дозвола да побара понуди, почнувајќи од 40 милиони евра.
Трансферот на Феран Торес исто така нема да биде лесен, бидејќи Барселона се уште му должи повеќе од 40 милиони евра на неговиот поранешен клуб Манчестер Сити. Секоја понуда помала од оваа бројка би имплицирала финансиски загуби, па се бара посредничко решение кое би можело да биде дури и позајмица, со опција за купување.
Во оваа фаза, ова се единствените напаѓачи со кои Барселона е подготвена да се раздели. Роберт Левандовски не е на продажба, исклучено е и заминувањето на Рафиња, а тренерот Чави е „заљубен“ во Усман Дембеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

