Барселона ја оствари 20. победа во ла Лига оваа сезона совладувајќи го Леганес на „Камп Ноу“ со 2-0. Каталонскиот тим побегна на пет бода предност во однос на Реал Мадрид, кој в четврток ќе ја пречека Валенсија.
Гостите одолеваа на притисокот на Барселона речиси цело полувреме, но сепак младата ѕвезда Ансу Фати се погрижи Барса на одморот да замине со предност. Во 41.минута ја затресе мрежата на Леганес по проигрувањето од Жуниор Фирпо.
Во вториот дел, Лионел Меси од пенал го постави конечниот резултат во 69.минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

