Ансу Фати, некогашниот голем талент на Барселона кој беше споменуван како наследник на Лионел Меси во каталонските редови е блиску до реализација на трансфер во Монако каде ќе се обиде да ја оживее кариерата.
Очекувањата се дека до крајот на неделата ќе бидат одработени медицинските прегледи за потпис на позајмица до крајот на сезоната со можност за откупување на неговиот договор.
Фати со 16 години и 304 дена се запиша во историјата на Барселона како најмлад стрелец, но не успеа да ги исполни очекувањата. Во последните години бележи голем пад во формата, а во последната сезона настапи на само шест натпревари под водство на Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

