Брајтон успеа да комплетира уште еден сериозен трансфер откако денеска официјално нов член на англискиот премиерлигаш стана Ансу Фати. „Бисерот“ на Барселона пристигнува на едногодишна позајмица од редовите на каталонскиот гигант, откако од неколкуте понуди на маса што ги имаше по одлуката за заминување ја избра онаа на Брајтон.
Фати го доби прекарот „новиот Меси“ откако храбро ја зеде десетката на Барселона кога аргентинскиот генијалец си замина од „Камп Ноу“. Честите повреди за жал го спречија да блесне во сиот свој сјај, а откако не се наметна за стандарден првотимец кај тренерот Чави тој реши да замине на едногодишна позајмица во клуб каде би добивал посериозна минутажа.
„Ова е голем ден за сите нас, донесовме врвно засилување. Верувам дека Ансу ќе ни помогне да стигнеме до уште подобри резултати, а ние ќе му помогнеме да ја крене формата на уште повисоко ниво“, изјави стратегот на Брајтон, Роберт де Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

