Тинејџерот кој ја воодушеви фудбалската јавност ширум светот, Ансу Фати најверојатно ќе мора да пропушти седум натпревари на Барселона во сезоната. Младиот фудбалер кој потекнува од Гвинеја-Бисау, е член на кадетската селекција на Шпанија која од 26. октомври до 17. ноември ќе биде дел од Светското првенство за фудбалери до 17 години.
Селекторот на Шпанија се очекува да го повика Фати во селекцијата, а поради тоа ќе мора да пропушти дури седум натпревари на Барселона, меѓу кои ќе биде и првото „Ел Класико“ во сезоната.
Ансу Фати одлично ја искористи шансата која му беше дадена во Барселона, поради големиот број на повреди на стартот на новата сезона. 16-годишниот фудбалер на три натпревари успеа да постигне два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА