Поранешниот тренер на Милан, Леонардо Араухо, ќе го предводи тимот на Анталијаспор. Бразилскиот стратег потпиша двегодишен договор со турскиот прволигаш.
Претсетаделот на турскиот клуб е презадоволен од ангажманот на искусниот тренер кој во минатото ги предводеше тимовите на Милан и Интер, додека има и искуство како спортски директор во ПСЖ.
„Пресреќни сме што имаме ваков квалитетен стратег како што е Леонардо. Во тимот имаме неколку европски ѕвезди како што се Самуел Ето, Самир Насри, Џереми Менез, а сега ќе имаме и голема ѕвезда на клупата. Леонардо ќе ни помогне да ги оствариме нашите цели“, вели Али Шафак Узтурк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА