Динамо Загреб се одлучи да му ја довери довербата на Анте Чачиќ да го води тимот и следната сезона. Ова го потврди и тимот на Динамо, кој што истакна дека Чачиќ и во следниот шампионат ќе седи на клупата на „модрите“ и ќе ги води Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Ристовски и Адеми се едни од ретките репрезентативци кои се чини нема да ја сменат средината во летниот преоден рок и ќе останат на „Максимир“.
Чачиќ се врати во Динамо во финишот од сезоната, и освоената титула во Хрватска му загарантира да добие нова шанса да го води шампионот. Инаку во игра беше и Горан Томиќ од Ријека, кој денеска си поднесе оставка од местото шеф на стручен штаб на тимот за кој игра Дарко Велковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА