Ненад Чанак повеќе не е тренер на Партизан откако самиот си поднесе оставка од функцијата по очајниот настап и поразот на домашен терен од Задар од 85-95. Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Анте Назор, пред само неколку дена дојде во Задар и го предводеше тимот до извонредна победа во српскиот главен град.
Партизан веќе неколку седмици играше многу слабо, врза неколку порази во Еврокупот и во АБА-лигата, но по последниот неуспех со Задар веќе стана јасно дека Чанак не може да го извлече максимумот од овој тим.
„Ненад Чанак повеќе не е тренер на Партизан откако си поднесе оставка од функцијата по поразот од Задар. Во периодот од една година колку што беше тренер на црно-белите“, Чанак го освои Купот на Радивоје Корач, со што е прекинат постот од три години без освоен пехар. Му благодариме на Чанак и му посакуваме многу среќа при следните ангажмани“ – се вели во соопштението на белградскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА