Откако Бешикташ му го раскина договорот и стана слободен агент, Анте Ребиќ е во потрага по нов клуб. Според последните информации кои доаѓаат од Хрватска, Ребиќ е блиску да се пресели во втората Бундеслига, и во иднина да го носи дресот на Шалке.
Ребиќ долго време играше во Ајнтрахт, а потоа се пресели во Италија, каде настапуваше во Милан прво како позајмен, а потоа со перманентен договор.
Минатата сезона ја мина во Бешикташ, но турскиот клуб се одлучи да го ослободи само после една сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА