Aнте Ребиќ се враќа во Серија А

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ има нов клуб. По неуспешната авантура во турски Бешикташ, поранешниот хрватски репрезентативец реши да се врати во Италија каде што остави најдлабока трага играјќи за Фиорентина, Верона и Милан.

Ребиќ се враќа во Серија А како играч на Лече, објави италијанскиот прволигаш. По раскинувањето на договорот со турскиот гигант, Ребиќ ја бараше следната дестинација. Извесен период се зборуваше за негов трансфер во Хајдук каде што ќе го замени Иван Перишиќ, а се споменуваше и интерес на клубови од Германија, Катар и Саудиска Арабија.

Фудбалерот од Сплит има 30 години, а во Лече се надеваат дека ќе може брзо да им помогне, со оглед на тоа што лошо ја започнаа сезоната со порази од Аталанта и Интер и се единствениот тим без освоен бод во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.

Ребиќ досега има 118 настапи во италијанската Серија А и постигна 29 голови.

Се вчитува...