Аргентинскиот новинар Уриел Иугт објави дека Лече нема да го продолжи договорот со Анте Ребиќ, што значи дека 31-годишниот крилен напаѓач на лето ќе стане слободен играч.
Некои италијански медиуми пренесуваат дека тој би можел да замине во некоја егзотична лига пред крајот на сезоната. Ребиќ добро ја започна сезоната, но остана на клупата од октомври. Во Серија А забележа 21 настап и постигна еден гол, против Јувентус.
Во текот на кариерата играше за Сплит, Фиорентина, Милан, Ајнтрахт, Лајпциг, Верона и Бешикташ. Тој одигра 42 натпревари за националниот тим на Хрватска, но беше исфрлен откако го критикуваше Златко Далиќ по Евро 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

