Хрватскиот кошаркарски интернационалец Анте Томиќ изведе монструозно забивање на мечот меѓу Барселона и Црвена Звезда во „Блауграна“ и ја скрши таблата од кошот. По одличното додавање на Рибас зад грб, тој во 18. минута силно ја заби топката, а под неговиот налет пукна таблата. Сепак, организаторите во Евролигата се подготвени и за вакви случувања, па веднаш изнесоа цел нов кош, кој треба само да се приклучи на електрична енергија, и мечот продолжува…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА