Перо Антиќ се најде на удар на македонските навивачи поради аутфитот што првиот човек на КФСМ го имаше на синоќешниот ракометен хуманитарен натпревар што се одигра во СЦ „Борис Трајковски“.
Антиќ се појави во дуксер на Црвена Звезда, со што го навлече бесот на фановите бидејќи на меч што беше во знакот на македонскиот спорт избра несоодветен „аутфит“.
„ДНО“ – беше кратката порака на Комити Скопје, со фотографија од Антиќ во салата, како јасен доказ што мислат приврзаниците на Вардар за поранешниот кошаркарски репрезентативец.
На нив се надоврзаа и популарните Сити Парк Бојс, навивачите на Работнички, клубот каде Перо Антиќ ја почна професионалната кариера.
„Македонски леб јаде за Звезда да навива… Тажна наша Македонијо“, порачаа Сити Парк Бојс, исто така со фотографија од некогашната кошаркарска легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА