Антиќ: Главчев е вистинскиот избор за напредок на кошарката во Македонија

КФСМ денеска ќе добие нов претседател во Томица Главчев, а успешниот гевгелиски бизнисмен денеска беше примен од страна на досегашниот прв човек на федерацијата, Перо Антиќ.

Притоа, македонската кошаркарска легенда го поздрави изборот на Главчев за негов наследник, оценувајќи го како вистински потег за напредок на овој спорт во нашата држава.

„Ми претставува особена чест ни задоволство што денеска го пречекав идниот претседател на Кошаркарската Федерација која беше мојот дом во изминатите шест години. Мојот пријател Томица ја има мојата апсолутна поддршка и верувам дека тој е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија. На новиот Претседател му посакувам среќа и успешна работа во години што следат“ – го поздрави Антиќ својот наследник.

Се вчитува...