Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, и генералниот секретар Владимир Георгиевски, ќе бидат дел од престојното Генерално собрание на ФИБА Европа кое наредните неколку дена ќе се одржи во Порторож.
Водечките луѓе на нашата федерација ќе бидат дел од присутните делегации кои ќе учествуваат во работата на собирот во словенечкиот приморски град. Агендата предвидува првиот работен ден (10.мај), да биде посветен на своевидни „работилници“ на кои ќе бидат вклучени генералните секретари на сите европски национални федерации.
Додека пак на следниот ден, 11. мај, ќе биде одржана и седницата на највисокото работно тело на европската кошаркарска федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА