Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговата Црвена Звезда стигнаа до шампионскиот трофеј во Србија откако во финалната серија од плејофот стигнаа до убедливи 3-0 против ФМП.
Во третиот меч од финалето, Црвена Звезда славеше со 97-88 па на тој начин доминантно доаѓајќи до првата титула за себе сезонава. „Црвено-белите“ и втора едноподруго година, против истиот противник, доаѓаат до шампионската круна!
Најефикасен во победата на Црвена Звезда беше Ален Омиќ со 20 поени, дополнети и со 11 скока и три асистенции. Го следеше Џејмс Фелдин со 17 поени и Дејан Давидовац со 15 поени. „Дабл-дабл“ имаше Филип Човиќ со 13 поени. На спротивната страна доминираше Радован Ѓоковиќ со 22 поени, додека Симаниќ запиша 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА