Црвена звезда повторно врза две победи во низа во Евролигата, овојпат со одличен триумф над екипата на Жалгирис (77-65). Литванскиот првак допатува во Белград со серија од пет победи во Евролигата, но избраниците на Јасикевииус немаа одговор за одличната одбрана на „црвено-белите“, со која диригираше Перо Антиќ. Мечот беше израмнет во првите три четвртини, за во последниот период Црвена звезда предводена од Давидовац да влезе во серија, резултатски да се одлепи и на крајот заслужено да се радува на својата седма евролигашка победа сезонава.
Рочести беше одличен со 16 поени и 10 асистенции, Давидовац реализираше 13 поени (3/3 за тројка, 4/4 за слободни фрлања), додека Перо Антиќ го заврши мечот со пет поени, пет скока и три украдени топки и огромен придонес во одличното дефанзивно издание на шампионот на АБА-лигата.
Фенербахче ја прекина серијата слаби игри со триумф над Басконија од 79-74. Актуелниот европски првак клучната разлика ја направија на стартот од последната четвртина, по страшната повреда што ја заработи Џејмс Нанали во финишот од третиот период. Гудуриќ со 18 и Вонамејкер со 16 поени беа најдобри поединци кај Фенербахче, додека прв стрелец на Басконија при вечерашниот пораз беше Шенгелиа со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА