Црвена Звезда доживеа убедлив пораз на гостувањето против Олимпијакос во Атина со 85-59 во осмиот свој натпревар од Евролигата.
По оној претходен пораз од ЦСКА Москва, и Олимпијакос беше преголем залак за белграѓани кај кои не функционираше шутот, па во тој случај не можеа да се надеваат и за било какво изненадување.
Перо Антиќ за нешто повеќе од 16 минути на паркетот запиша 9 поени (сите од зад линијата за три поени, 3/7), а имаше и четири скока и една асистенција. Кај Црвена Звезда најефикасен беше Рочести со 20 поени.
Во победничкиот тим предводеше Томпсон со 14 поени, а Никола Милутинов мечот го заврши со 13 постигнати поени.
По овој триумф Олимпијакос се израмни на врвот од табелата со ЦСКА Москва со шест победи и два порази, наспроти Црвена Звезда која остана на дното на табелата со само две победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА