ЦСКА Москва како казнена експедиција помина низ Белград, совладувајќи ја Црвена Звезда со 59-85. Перо Антиж и соиграчите немаа никаква шанса на овој меч, со оглед дека избраниците на Итудис по првиот период обезбедија двоцифрена предност (10-22), а потоа и ја зголемија до полувремето (27-44). Беше јасно дека ЦСКА Москва ќе слави убедлив триумф.
Перо Антиќ беше еден од позабележителните кошаркари кај „црвено-белите“ со девет постигнати поени, а најмногу уфрли Тејлор Рочести – 15. Кај „армејците“, Нандо де Коло беше најефикасен со 16 постигнати поени.
Во репризата на финалето на Ф4 турнирот од минатата година, Олимпијакос му се реваншираше на Фенербахче и по продолжение го совлада во Истанбул со 83-90. Брајант Робертс со 21 поени и Јоргос Принтезис со 18 поени беа предводници на грчкиот состав на овој дерби дуел. Кај Фенербахче, најефикасен беше Џејмс Нанали со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА