Црвена звезда го доживеа вториот пораз од Будуќност оваа сезона, откако во Подгорица претрпе пораз со резултат од 92-86 во драматичната средба. Во борбата за врвот на АБА – лигата по 15 натпревари, Будуќност пред своја публика ја забележа севкупно 13. победа во јадранското натпреварување, додека Звезда останува на третата позиција со 27 поени, исто толку има и Цедевита.
Во фантастичното дерби во Подгорица неизвеснота беше главна карактеристика, улогите на великани во ова натпреварување го потврдија и двете екипи. Звезда за нијанса беше подобра по првите десет минути (27-22), но до паузата избраниците на Александар Џикиќ се изборија за водство и овации од своите навивачи, Будуќност во соблекувална замина со пет поени разлика, односно 47-42.
Неивесноста беше присутна и во продолжението од средбата, Будуќност ја освои и третата четвртина, но шесте поени предсност најавуваа спектакуларна завршница. Шутерски расположени и двете екипи, особено домаќините кои реализираа 11 тројки од 13 обиди до пред почетокот на последниот период, што беше нивното главно оружје за одржување на минималната предност.
Во моменти кога Звезда можеше да дојде до предност и пресврт пред самиот крај на мечот, ја загубија топката па дозволија нови три поени во својот кош, а Будуќност успеа да одолее на притисокот од „црвено-белите“.
Никола Ивановиќ беше најефикасен во тимот на Будуќност со 18 поени, Гибсон и Лендри додадоа по 17, односно 15 поени. Антиќ беше фантастичен од линијата за три поени, погоди четири шутеви од шест обиди, реализираше вкупно 14, додека Телјор Рочести беше првиот стрелец за тимот од Белград со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА