Антиќ ја отвори вратата за „Градски парк“

Од Кошаркарската федерација на Македонија и официјално информираа дека ја добиваат спортската сала „Кале“ на располагање во иднина. СРЦ „Кале“ ќе биде пред се наменета за најмладите категории, иако не се исклучува можноста да биде ставена на располагање на клубови кои ќе искажат потреба.

Тоа беше случај минатата сезона со Работнички и Вардар кои немаа можност да играат во своите домови. Но, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ најави дека следната сезона овие два клуба би требало да се вратат во своите матични сали.

„Ние како федерација сме подготвени да помогнеме, и доколку желбата на овие два клуба е да се вратат во своите домови секако ќе излеземе во пресрет. Тоа значи дека приоритет ќе биде да се најде начин за остранување на недостатоците и решавање на проблемите кои се пречка за натпревари во тие сали. Огромна е желбата на навивачите да ги видат своите тимови во матичните сали и токму затоа подготвени сме да најдеме решение, се надеваме на крај на задоволство на сите и во интерес на кошарката“ – вели Антиќ.

Се вчитува...