Перо Антиќ ги демантираше гласините на српските медиуми кои го посочија токму македонскиот ас меѓу главните виновници за кризата на Црвена звезда. Тој беше обвинет за поткопување на авторитетот на тренерот Душан Алимпијевиќ, но Антиќ на денешната прес-конференција на „црвено-белите“ децидно ги отфрли ваквите тврдења.
„Јас имам само респект кон Алимпијевиќ, тој е наш тренер и што и да побара од нас ние го правиме тоа. Сите кои барем малку ме познаваат знаат дека не е мој стил да давам „жолти картони“ на тренерите“ – изјави Антиќ.
Тој проговори и за фотографијата на која се гледа како пуши цигари само неколку дена по поразот од Партизан во финалето од Купот на Србија.
„Што се однесува со фотографијата и таа кратка видео снимка, се извинив на клубот за цигарите и за користењето на алкохол. Сакам да се знае дека тоа беше прослава за раѓање на ќерка на мој добар пријател. Крајно некоректно е една таква прослава потоа се користи за некој да тврди дали јас патам што Звезда не го освои купот“ – разочарано истакна Македонецот во таборот на „црвено-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА