Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ ќе отсуствува од кошаркарските терени уште десетина дена. Ова го напомена тренерот на Црвена Звезда, Душан Алимпијевиќ, по синоќешниот триумф над Партизан во рамките на АБА – лигата.
„Фелдин најверојатно ќе биде во составот за мечот со Басконија. И ако не може, многу важно за нас е да се опорави побрзо, пред продолжението на сезоната. Се обидувавме да го опоравиме Антиќ за овој меч, но тој ќе мора да паузира уште десетина дена“, изјави Алимпијевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА