Перо Антиќ и Фенербахче се чекор поблизу до одбрана на трофејот во турското првенство, откако новиот европски првак поведе со 2-0 во полуфиналната серија против Дарушафака. Вечерашниот втор меч заврши со убедливи 95-81, но мора да се истакне дека за разлика од претходниот натревар овојпат гостинскиот тим многу посериозно му се спротивстави на фаворитот.На половина од последната четвртина Фенер имаше само „плус три“, но во периодот кога на теренот беше и нашиот Перо Антиќ проработе шутот од далечина, па со тројките на Калиниќ и на Диксон разликата стана двоцифрена, за на крајот мечот да заврши со „плус четиринаесет“ за Фенербахче.Македонскиот интернационалец одигра одличен меч, за 16 минути реализирајќи 10 поени, надополнети со четири скока и една асистенција. Најефикасни кај Фенербахче беа Богдановиќ со 18, пред Калиниќ и Диксон со по 15 поени, додека прв стрелец на Дарушафака беше Вонамејкер со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА