Далеку од очите на јавноста, без присуство на новинари денеска беше одржано годишното собрание на КФСМ, што раководсвото на чело со Перо Антиќ го одложи уште пред шест месеци.
Тој направи преседан собранието да го одржи зад затворени врати (претходно во време на коронавирус имаше собранија на МОК и на ФФМ, кои согласно протоколите се одржаа со присуство на медиумите), се со цел во јавноста да се појават што помалку детали од работата на Антиќ и соработниците на почетокот од нивниот мандат.
Според информацијата на официјалната веб-страница на КФСМ, на редовната седница на која присуствуваа 27 делегати, се „поминаа“ сите предвидени точки. Откако со минута молчење им беше оддадена почест на прерано починатите кошаркарски работници, Собранието ги усвои сите записници од вонредните дописни седници одржани помеѓу оваа седница и онаа изборната во минатата календарска 2019 година.
Генералниот Секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, ги информираше делегатите-претставници на членките на Собранието за работата на федерацијата во изминатиот период.
Беше прегледан, и усвоен и финансискиот извештај за изминатата година.
Финална точка на дневниот ред беше техничка, промена на седиштето на Федерацијата со промена на член 5 од Статутот на КФСМ односно промена на адреса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА