Црвена звезда се враќа со пораз од Истанбул откако доживеа пораз од тимот на Анадолу Ефес со резултат од 104-95. Домашниот состав константно го контролираше мечот, своевремено имаа и +13 кои Звезда успеа да ги намали и до минимални два поени разлика, но „црвено-белите“ немаа сили за пресврт со тоа што ги загубија сите четири периоди.
Кај кошаркарите на Душан Алимпијевиќ очигледно недостасуваше искуството на Перо Антиќ, кој остана на клупата, а без Македонецот Звезда како да немаше „муниција“ за да ја продолжи победничката серија на три натпревари. Немаа ниту решение за Зоран Драгиќ кој го одигра својот најдобар меч оваа сезона, имаше своја шутерска епизода со 11 поени во втората четвртина.
Покрај разиграниот Драгиќ (24 поени), расположен беше и Ерик Мекколум кој заврши со 20 поени, а двоцифрени беа и Данстон (13), Даглас (12), Мотум (12), Симон (11) и Браун (10). Како најефикасни за Звезда се истакнаа Бјелица и Рочести со 15 поени, односно 14 поени.
Претходно во првиот дуел од денешната програма, Реал Мадрид го совладаа Кимки со резултат од 95-78 во гостувањето во Москва. „Кралевите“ тргнаа фурозно на средбата, по првиот дел веќе имаа 20 поени предност, кои на крајот беа недостижни за составот од Москва.
Руди Фернандез беше речиси перфектен од линијата за три поени, погоди пет од шест обиди и се истакна како најефикасен (16) за екипата на Пабло Ласо, по 11 поени додадоа Таварес и Козер. Алексеј Швед заврши со 23 поени, Тајлер Ханикат со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА