Најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ не настапи за Фенербахче во синоќешниот полуфинален натпревар од Фајнлфор на Евролигата, низ кој турскиот тим обезбеди место во големата финална пресметка.
Антиќ сега го очекува дуел со својот Олимпијакос за кого не крие дека го врзуваат убави спомени, силни емоции… Но, сето тоа во финалето останува на страна, а единствениот фокус ќе биде максимално професионално да си ги одработи своите задачи.
„Нема да има сентименталност во финалето. Ќе ги оставам на страна моите чувства кон Олимпијакос, клуб за кој ме врзуваат убави спомени. Емоциите ќе бидат блокирани 40 минути, а на терен ќе ми биде сега голем ривал“ – истакна по синоќешното полуфинале Перо Антиќ, кој досега во Евролигата има две титули во 2012 и во 2013 година со „црвено-белите“.
„Мислам дека Фенербахче ја заслужува титулата оваа година. Олимпијакос секако е одличен тим, но се надевам дека на крајот ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваат“ – вели Антиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА