Жестоко е годишното собрание на кошаркарската федерација на Македонија. Актуелниот претседател Перо Антиќ побара откажување и одложување на денешното собрание, по што претставникот на МКК Вардар побара сите членови да останат и да продолжи собранието.
Дел од членовите останаа на Собранието, по што одлука да остане донесе и Перо Антиќ со неговите соработници кои рекоа дека ако треба и два дена ќе седат тука немаат проблем.
„Кошаркарската федерација се уште има претседател кој не е разрешен. Секое противправно гласање на седница на која не е присутен претседателот е нелегитимно. Вие може да продолжите, но колку тие одлуки ќе бидат прифатени од институциите е ваша одговорност“, велат од правниот тим на КФСМ.
Собранието засега продолжува, а двете завоени страни изгледа дека нема да постигнат никаков кворум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА