Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ со својот тим Фенербахче повторно е дел од завршниот Ф4 турнир во Евролигата. Денеска на програмата се полуфиналните дуели, а Антиќ очекува пласман на Фенербахче во финалето и посакува финална пресметка со својот поранешен тим Олимпијакос.
Во 17.30 часот, Олимпијакос ќе игра против актуелниот шампион ЦСКА Москва, додека од 20.30 часот, Фенербахче, кој ќе има голема поддршка и од фановите во Истанбул, ќе ги одмери силите со Реал Мадрид.
„Секако, желбите се и оваа сезона да играме во финалето на Ф4 турнирот во Евролигата. Ќе биде тешко, ќе решаваат нијанси, но мислам дека можеме да го совладаме Реал Мадрид. Имам свој фаворит и на првото полуфинале, не можам да ги заборавам годините минати во Олимпијакос, таму имам многу пријатели. Имам и една порака до мојот голем пријател Спанулис…’Време да ја имаш мојата фризура’…“, порачува Перо Антиќ пред денешните полуфинални дуели на Ф4 турнирот во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА