Перо Антиќ е еден од кандидатите за наследник на Петар Наумоски на функцијата претседател на МКФ, чиј мандат истекува годинава. Поранешниот капитен во изминатите години често влегуваше во конфликт со Наумоски, за сега во ТВ-емисијата „Улица Македонија“ отворено да признае дека има претседателски амбиции.
„Прв пат кажувам јавно дека ќе се пријавам да бидам прв човек на македонската кошарка“ – истакна Антиќ на „Улица Македонија“.
Жестоката битка за нов претседател се очекува да се интензивира во наредниот период, а покрај Наумоски се очекува во неа да се вклучат и актуелниот директор на МКФ, Владимир Темелковски, а како опција се споменува и пратеникот Еско Рахиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА