Сега веќе е и официјално, раководството на КФСМ преку официјалната веб-страница објави дека Управниот Одбор ја верификувал одлуката за поништување на кошаркарската сезона 2019/2020. По последниот состанок на клубовите, на кои поголем дел од нив беа за поништување, отколку за прогласување на шампион, Управниот Одбор и официјално ја поддржал идејата за сезонава да биде запишана без шампион.
МЗТ Скопје како актуелен лидер на табелата во неколку ситуации се жалеше на неправедност, преку соопштение дури и заканувајќи се дека во следната сезона нема да се натпреварува во Првата лига. Сепак, Антиќ и соработниците останаа на ставот дека ова е најправеден исход, „од втора мајка“ верификувајќи ја својата одлука преку Управниот Одбор.
Со таа одлука, ќе нема ниту испаѓање од елитното друштво, а Првата лига за следната сезона ќе се прошири од 10 на 12 екипи, објави КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА