Екс-капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ, поради повреда на скочниот зглоб ќе паузира околу две недели. Антиќ така го пропушта утрешниот дуел со Реал Мадрид, како и мајсторката против Морнар во полуфиналето од АБА – лигата, мечот кој се игра во понеделник.
Ова е голем пех за тренерот Душан Алимпијевиќ, не ќе може да смета на драгоценото искуство на нашиот Перо во клучен момент во оваа сезона. Центарот на „црвено-белите“ сезонава во неколку наврати мораше да оди на принуден одмор, останува да се види дали Антиќ ќе се врати на терените до завршницата на јадранското првенство.
Финалната серија започнува на 9. април, но секако Звезда прво мора да се пресмета со Морнар ако сака да го брани трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА