Антиќ се повреди, неизвесен за дуелот со МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ можеби ќе го пропушти гостувањето на Црвена Звезда во Скопје и дуелот в понеделник со МЗТ Скопје Аеродром. Тој има повреда на стапалото, која ја обнови и на вечерашниот меч од Евролигата против Химки. Тренерот Алимпијевиќ изјави дека Антиќ нема да патува со тимот на дуелот против Макаби Тел Авив, а неизвесен и за мечот во Скопје.

„Перо беше повреден, и тој не е единствениот играч со ситни повреди. Имаме неколку такви играчи. Гледате дека се случуваат некои работи кои се атипични за одредени кошаркари“, изјави Алимпијевиќ по поразот од Химки во Белград.

Се вчитува...