Првиот состанок на новиот Управен Одбор при КФСМ очекувано ги донесе и првите чекори од коренитите промени во куќата на кошарката, при што претседателот Перо Антиќ го промовираше својот „тим“ со кој планира да го врати овој спорт на посакуваните патеки. Очекувано, луѓето кои беа најблиски до Антиќ во текот на кампањата беа промовирани во нови „оперативци“, па така Владимир Георгиевски е именуван за нов Генерален секретар во КФСМ, додека Тодор Гечевски ќе ја има улогата на нов спортски директор.
Именувањето на Георгиевски и на Гечевски следеше откако од овие функции претходн беа разрешени Моника Гаврилоска и Владимир Темелковски, кои беа дел од најтесното раковоство на поранешниот претседател Петар Наумоски. За очекување е по конституирањето на новиот Стручен Совет да се именуваат и нови селектори во младинските категории, а во текот на летото на дневен ред сигурно ќе се најде и точката за нов предводник на сениорскиот национален тим.
За нов Комесар за натпреварување именуван е Лазар Гечевски, додека младинските лиги во иднина ќе функционираат под водство на Томче Дишлиев, кој од претходно беше вработен во КФСМ, но сега добива нова поодговорна функција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА