Црвена звезда се надоврза на серијата одлични игри во Евролигата со нов триумф во АБА, овојпат на гостувањето во Црна Гора против Морнар со резултат 74-82. „Црвено-белите“ се соочија со проблеми во првата четвртина што Морнар со беспрекорна реализација во нападот ја доби со 28-18. Толку беа силите на црногорскиот претставник, па така актуелниот првак ја доби втората четвртина со 28-15, го сврте резултатот во своја полза и стигна до победата.
Перо Антиќ одигра 20 минути, период во кој изненадувачки не постигна ниту еден поен (0/4 за тројка), но затоа доминираше под обрачите со вкупно 11 скокови, надополнети со една асистенција и една украдена топка.
Црвена звезда сега е израмнета со Будуќност (по поразот на Црногорците во Задар) на делба на првото место на табелата со идентичен скор 10-2, пред Цедевита која има девет победи и три порази во досегашниот дел од сезоната. Убедливо последни се кошаркарите на МЗТ Скопје со скор 2-10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА