Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ во разговор за српските медиуми истакна дека кога тогаш во иднина ќе го однесе поранешниот свој соиграч од Фенербахче, Богдан Богдановиќ во Црвена Звезда.
Богдановиќ, кој е дете на Партизан, играше заедно со Антиќ во Фенербахче каде тренер им беше Жељко Обрадовиќ.
„Постојано сме во контакт со Богдан. Бевме цимери, се шегуваме секогаш. Ќе го однесам во Црвена Звезда, кога тогаш. Рече дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но јас мислем дека на крај ќе заврши во Црвена Звезда“ – низ смеа коментира Антиќ, кој не штеди пофални зборови за Обрадовиќ.
„Жељко е легенда, секогаш има визија. Им посакувам се најдобро, но се знае за кој тим јас навивам. Има добар план сигурно. Добра Црвена Звезда без добар Партизан не оди, и обратно“ – дополнува Антиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА