Перо Антиќ ја обелодени својата изборна програма за враќање на македонската кошарка, потенцирајќи дека е спортски работник зад кого стојат кошаркарски работници, а не политичка партија.
„Имам кажано и претходно, јас не сум приврзаник на ниту една политичка партија, но затоа и мојата кампања е со слоган „Спортот на спортистите“. Поентата е таа, луѓе од кошарката да раководат со македонската кошарка, не зборам само за нас што сме на оваа маса, туку и за сите кои дојдоа за да ни дадат поддршка. Па нели и дел од програмата на оваа Влада беше токму таа, политиката да се тргне од спортот, затоа и верувам дека јас и мојот тим сме вистинските луѓе да ја водиме македонската кошарка и да ја вратиме на вистинските патеки. Очекувам можеби да има некои подли игри, но не се осврнувам на нив и се фокусирам само на нашата програма. Верувам дека ова што го нудиме како проект е доволно за да ја добиеме довербата“ – истакна Антиќ.
За потсетување, изборот на претседател на МКФ е закажан за 15 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

