Антиќ: Треба да одам на психијатар…

Црвена Звезда оствари уште една значајна победа во Евролигата, а македонскиот интернационалец Перо Антиќ беше еден од важните фактори посебно во одбраната на „црвено-белите“. Заработи и намерна лична грешка поради еден неспортски фаул, а по завршувањето на мечот имаше и оригинален одговор на тоа прашање.

„Треба да одам на психијатар, ха-ха-ха…Во жарот на борбата се прават грешки, но ќе гледам тоа да го поправам за следните натпревари. Сепак, во својата сала не смеете да му дозволите на некој да забие преку вас. Но, нема да ги коментирам судиите. Ние продолжуваме да се бориме, да ја играме нашата игра, а јас прв како најискусен морам да ги занемарам таквите работи околу судењето“, изјави Перо Антиќ, кој натпреварот го заврши со седум постигнати поени.

 

Се вчитува...