Перо Антиќ го имаше „потегот на натпреварот“ меѓу Анадолу Ефес и Фенербахче, откако македонскиот ас за малку ќе го нокаутираше својот соиграч Никола Калиниќ. Тоа се случи во четвртата минута, кога Антиќ се бореше за офанзивен скок, а откако судиите му ја доделија топката на Ефес, Македонецот бесно замавна со рака – и го погоди Калиниќ.
На крајот, целата ситуација заврши со насмевка на српскиот ас, кој како да не веруваше што всушност се случи.
[youtube id=”udvwJHsfDes” width=”640″ height=”380″]
Ефес водеше во поголемиот дел од натпреварот, Фенер се врати благодарение на повратникот Богдановиќ, но токму српскиот репрезентативец го промаши шутот што можеше да донесе победа, по што Ефес од линијата за слободни фрлања стигна до конечните 80-77. Данстон со 14 поени беше прв стрелец на победничката екипа, додека најефикасен кај Фенербахче беше Диксон со 19 поени, додека Богдановиќ, кој се врати експресно по својата повреда, постигна 16 поени за 16 минути игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА