ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================
Перо Антиќ е гостин во најновата епизода на „Пресинг“, два часа во кои најдобриот македонски кошаркар на сите времиња говореше за најразлични теми.
Меѓу другото, нашата кошаркарска легенда обелодени и дека дал значаен придонес во трансферот на Елиф Елмас оод РАботнички во Фенербахче, по што бил изненаден од коментарите на луѓето околу него.
„Елиф Елмас исто ќе ти кажам, јас бев „менаџерот“ за Фенербахче. И заеш што беа првите зборови на „блиски луѓе“: Колку зема? Дали знаеш колку земав – НУЛА. Детето насмеано, пет години договор, веднаш му реков, не те земаат на пет години имаат план и ете – 16 милиони на Наполи по една и пол година… И детево ми е мерак… сега јас сум тој што бара дресови, молим те потпиши ми дрес. Ќе си го ставам, си го урамам, мене ми е чест и задоволство“, вели Антиќ.
Целиот разговор со најдобриот македонски кошаркар на сите времиња може да го проследите овде…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

