Десеттата епизода на ПРЕСИНГ го носи еден од највозбудливите разговори за македонскиот спорт, заедно со најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев, а како гостин најголемото македонско кошаркарско име, трикратен европски шампион и прв Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ.
Меѓу разговорите и за тоа каков е како човек, надвор од теренот, најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ со кого Антиќ соработуваше во Фенербахче, и со кого ја освоија шампионската титула.
„Жељко е извонреден човек, 22 часа во денот ви е ваш најголем пријател, а два часа на терен генерал, кој ви ја вади душата…“ – вели Антиќ во „Пресинг“.
Поранешниот претседател на КФСМ, раскажува и една интересна приказна од моментите кога соработуваа во Фенербахче…
„Јас сум единствениот ‘ѕвездаш’ кој Обрадовиќ го ангажирал во свој клуб, затоа што тој смета дека ‘ѕвездашите’ се неработници… Се наоѓаме во една кафана со Жељко, во периодот на настапи во Фенербахче, јас играч – тој тренер… И, сите кои го знаат Жељко знаат дека не сака кога се пеат пред него ‘Ѓурѓевдан’ и ‘Чија је она звезда’… А, јас после половина час седење земам микрофонот и ‘Ѓурѓевдан’, тој веднаш станува и со оди… Знаев што ме чека потоа следните денови на тренинзите…“ – се потсетува Антиќ.
View this post on Instagram
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

