Антиќ за ситуацијата во Партизан: „Жељко Обрадовиќ многу страдаше, однесувањето на некои играчи е неприфатливо“

Заминувањето на Жељко Обрадовиќ од Партизан и натаму е главна тема во Србија. По повод неговото заминување, изјава за националниот сервис РТС даде и нашиот поранешен кошаркар и екс претседател  на КФМ, Перо Антиќ.

Антиќ работеше со Обрадовиќ во минатото, и добро го познава неговиот менталитет. Заедно со него беа во Фенербахче, а во 2017 година ја освоија Евролигата.

Жељко е човек кого го запознав во 2001 година додека играв за АЕК и секогаш сакав да дојдам во „негови раце“, да научам нешто повеќе. Овие играчи на Партизан не разбираа кој е „Жоц“. Треба да бидат среќни што го имаа, што ги избра да ги тренира. Иако сум играч на Црвена Звезда, многу ја ценам неговата работа и тажно е што си замина на овој начин. Мислам дека кошарката во Србија изгуби многу, не само Партизан“, вели Антиќ за РТС. 

Тој изјави дека однесувањето на неколку играчи во Партизан било неприфатливо.

„Однесувањето на некои играчи на Партизан беше целосно неприфатливо. Тоа е нешто што Обрадовиќ не би го толерирал претходно, но тој многу го сака Партизан и направи сè за да ги поправи работите“, додаде Антиќ.

„Познавајќи го Жоц, тој направи сè што можеше за да остане во Партизан. Многу страдаше, а го познавам Жељко кој не страда.  Веднаш ќе го решеше тоа, на пример, во Фенер, за да не дојдеше до ова. Но, го разбирам, Жељко го сака Партизан. Навивачите го препознаа тоа, но играчите треба да се запрашаат од каде доаѓаат и што значи да се игра за Партизан. Тоа е многу повеќе од кошарка – вели Антиќ.

Се вчитува...