Антиќ: Заврши соработката со Давитков, во игра три имиња за нов селектор

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ и официјално потврди дека е завршена соработката со досегашниот селектор на сениорската репрезентација Јорданчо Давитков, а наредниот период ќе биде познато името на неговиот наследник.

„На Давитков му заврши договорот со федерацијата, имавме средба на која потенциравме дека ја почитуваме неговата досегашна работа. Сега во игра се неколку имиња за наследник на Давитков“ – информираше Антиќ.

Според информациите, македонски тренер од странство ќе биде новиот предводник на најквалитетната македонска репрезентација.

 

Се вчитува...