Антиќ: Зошто ние би дале оставка, па не игравме ние на терен…

Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, не чувствува лична одговорност за неуспехот на машката репрезентација да обезбеди пласман на Евробаскет 2022. На денешната прес-конференција Антиќ јасно стави до знаење дека воопшто не размислува за повлекување од функцијата поради слабите резултати на „црвено-жолтите“ откако тој застана на чело на федерацијата.

„Резултатот останува на играчите, не може да влеземе на терен да играме место нив. Не размислувам за оставка“, истакна Перо Антиќ.

Се уште е неизвесно дали федерацијата ќе ја продолжи соработката со Александар Тодоров, чиј селекторски договор истече на крајот од овој квалификациски циклус.

„Немаме конкретен став бидејќи извештајот не е доставен. Ако ќе го добиеме извештајот ќе биде свикан Стручен совет, по што ќе биде одлучено дали ќе се продолжи договорот со актуелниот селектор“ прокоментира директорот Тодор Гечевски.

 

Се вчитува...