Кошаркарите на Пелистер максимално подготвени ќе го дочекаат последниот меч од регуларниот дел од сезоната, во кој утре со почеток во 17 часот ќе му гостуваат на тимот на ТФТ.
„Зелено-белите“ врзаа две победи против Чаир и Вардар, а целта е јасна – утре да се слави и на третиот меч во низа против скопски прволигаш за што подобар пласман во пресрет на плејофот.
„Она што е клучно е да одиграме со висока енергија од првата до последната минута, тоа е неопходно кога се игра со ривал како ТФТ. Бележиме значителен напредок во последниот месеци, пред се од аспект на колективната игра. Тука сме еден за друг, си помагаме и тоа дава резултат. Tоа беше видливо на неколку натпревари, но мораме да влегуваме со идентичен пристап во сите дуели до крајот на сезоната, почнувајќи токму од мечот со ТФТ. Ќе играме со тим што е добро трениран, што има искусни кошаркари и знае како да го контролира темпото. Затоа, мораме да одиграме перфектен меч ако сакаме да стигнеме до победата“, изјави Брајан Антоан, американскиот бек во редовите на Пелистер.
Првиот овосезонски меч меѓу Пелистер и ТФТ заврши со победа на битолчани од 91-82.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА