Антоан: Пелистер може и до триумф над Работнички и до трофеј сезонава…

Репрезентативната пауза заврши, а кошаркарите на Пелистер денеска се враќаат на обврските во домашниот шампионат. На програмата во СРЦ „Кале“ со почеток во 19 часот е дерби дуелот меѓу Работнички и Пелистер, во кој избраниците на Александар Петровиќ влегуваат максимално мотивирани, експресно да се вратат на победнички патеки по изненадувачкиот пораз од Шкупи во последната рунда пред паузата.

Брајан Антоан пристигна во Битола летово и се наметна како еден од лидерите на Пелистер, а одличниот бек верува дека „зелено-белите“ можат да стигнат до позитивен резултат на вечерашната дерби-пресметка во Скопје.

„Неколку месеци сум во Битола, веднаш ми стана јасно дека ова е одличен клуб, од играчи, тренери, до лушето од управата… Искрено верувам дека можеме да оствариме буквално се, но неопходно за тоа е да даваме се од себе на секој тренинг и натпревар. Освојувањето на трофеј е цел поставена пред Пелистер, се што треба да направиме е да работиме заедно и да го следиме она што го бара тренерот од нас“, изјави Антоан.

„Играме против квалитетен противник што го почитуваме, но она што ќе биде најважно е ние да сеприкажеме во најдобро светло. Мораме да одиграме во висок ритам во текот на сите 40 минути, да не отстапуваме без оглед каков ќе биде моментниот резултат на семафорот. Она што мора да се направи е да останеме сите заедно и да играме онака како што ја почнавме сезонава, резулатите ќе дојдат“, прококоментира Американецот за денешниот дуел со Работнички

Се вчитува...