Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, изјави дека со исклучително нетрпение ја очекува својата прва трка на домашен терен – Големата награда на Емилија Ромања, која е закажана за овој викенд во Имола.
Иако пред само два месеца дебитираше во Формула 1, Антонели веќе е голема ѕвезда иако се уште оди на училиште. За среќа, обврските од завршниот испит не го забавија, токму спротивното, а само доказ за тоа е фактот што пред десетина дена ја освои пол-позицијата на спринтот во Мајами. Ова го направи најмлад освојувач на пол-позиција во историјата, во кој било формат.
„Многу сум среќен, во петок ќе дојдам на патеката директно од дома, во Болоња, ќе спијам во мојот кревет. Тој ден е роденден и на мојата помала сестра, па ќе го прославам со неа. Ќе дојде моето семејство, моите најдобри пријатели и сите од мојот клас. Бидејќи не можам да одам на патувања со нив, мислев да ги одведам да бидат со мене на патеката“, изјави Антонели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

