Кими Антонели ја продолжува доминацијата во Формула 1 шампионатот со уште едно импресивно издание и победа на трката во САД што се возеше на патеката во Остин. Сепак, денешната победа не беше доволна за да се осигура титулата бидејќи Расел заврши како осмопласиран, па Антонели за шампионска забава ќе мора да почека до наредната трка, кога и официјално ќе биде промовиран во најмлад шампион во историјата на Формула 1.
Возачот на Мерцедес тргна од пол-позицијата, одлично стартуваше и имаше целосна контрола, на крајот заслужено освојувајќи го првото место.
Шарл Леклер извозе одлична трка и се пласираше на второто место, пред Макс Ферстапен кој по проблемите со болидот може да биде задоволен што стигна барем до третата позиција. Луис Хамилтон не успеа да ги искористи проблемите на Ферстапен и на крајот го освои само четвртото место.
По ваквиот исход на денешната трка, Антонели речиси сигурно ќе биде крунисан во нов шампион следниот викенд во Мексико. За тоа доволно ќе му биде Расел да не победи, или доколку тоа се случи Антонели ќе треба да биде барем деветти за да се закити со титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
